HomeДЕНЕШНАДенеска подгответе се за дождлив ден

Денеска подгответе се за дождлив ден

Времето денеска претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд особено во западните и северните делови од земјата каде што локално се очекува да наврнат и над 20 л/м2. На највисоките планински врвови во северозападните делови од земјава ќе има и повремени врнежи од снег. Во попладневните часови врнежите ќе престанат и облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 10 до 17 степени.

Во Скопје претпладне облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат со умерен интензитет, а попладне ќе преовладува суво, но претежно облачно време. Ќе дува и слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com