Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАДенеска пад на температурите…

Денеска пад на температурите…

Денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со локален слаб дожд кој особено ќе биде застапен во западните делови на земјава. Во текот на денот ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 18 до 24 степен.

Во Скопје времето ќе биде релативно свежо со мала до умерена облачност, како и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 22 степени.