Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАДенеска очекувајте ветер

Денеска очекувајте ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува умерен северен ветер кој долж Повардарјето повремено ќе засилува, а ќе има и појава на дожд и грмежи, особено во источните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 24 до 30 степени. Во Скопје слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со појава на пороен дожд и грмежи.