Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаДенеска ново задолжување – утре треба да вратиме 49 милиони евра

Денеска ново задолжување – утре треба да вратиме 49 милиони евра

Според плановите на министерството за финансии, месец мај започнува со ново задолжување. Министерството за денеска распиша нови аукции на државни хартии од вредност, на кои ќе бидат понудени шестмесечни, едногодишни и двегодишни записи, како и 15 годишна обврзница во вкупен износ од над 49 милиони евра. Веќе утре за враќање доспеваат 49 милиони евра, а до крајот на месецот Владата планира да реализира уште две аукции и задолжување околу 70 милиони евра.

Во моментов јавниот долг, според Министерството за финансии е околу четири милјарди и осумстотини милиони евра. Според бројчаникот за јавен долг пак, таа сума е над пет милијарди евра или поточно, секој граѓанин е задолжен од околу 2.500 евра.

Економистите предупредуваа дека јавниот долг го достигна прагот на високо задолжени земји и рекоа дека Македонија нема сила да го сервисира долгот.