Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДенеска нов протест на „Шарената револуција“

Денеска нов протест на „Шарената револуција“

Протестите на „Шарената револуција“, продолжуваат денеска во Скопје, од веќе познатото местото, пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, во 19 часот.

-„Правдата е под сериозна закана. Протестирам! Уставниот суд е под партиска опсада. Протестирам! Груевски и Иванов им се закануваат на граѓаните. Протестирам! Власта сака да преговара тајно. Протестирам! Власта не сака да се чуе мислењето на граѓаните. Протестирам! Протестирам со Шарена револуција в понеделник (27 јуни), 19 часот, пред нашата тврдина – СЈО! Борбата за правда продолжува! Криминалот веќе нема да смее да поминува пред очите на граѓаните! Протестирам 80 денови со илјадници соборки и соборци! Заедно спречивме помилување криминалци, заедно спречивме уште едни фалсификат избори! Нашите другари се на слобода! Продолжуваме, се вклучуваме во решавањето на кризата!“, стои во најавата за протестот, објавена на официјалниот фејсбук-профил на Шарената револуција.