Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДенеска нов обид на ад хок телото да го донесе деловникот за работа

Денеска нов обид на ад хок телото да го донесе деловникот за работа

Привремената комисија за мониторинг на медиумите денеска треба да има нов состанок на кој ќе се обидат да го усвојат деловникот за работа.

Иако периодот за мониторинг на медиумите е веќе почнат и телото е комплетирано, сѐ уште нема деловник за работа, со што практично е блокирано и не може да работи.

Деловниот за работа е важен во системот на одлучување кога гласовите се изедначени или, пак, кога треба да се донесе одлука за казнување на медиумите.

Дилемите се дали ќе се одлучува со просто мнозинство или, пак, со најмалку три гласа „за“ во случај кога сите членови на телото не се присутни на состанокот.

Во ад хок-телото се Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Трпеновски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ, како и Љуљзим Хазири како петти член на Комисијата, чија кандидатура беше договорена на последниот состанок на лидерите на партиите.