Денеска е Рамазан-Бајрам
Верниците од исламската вероисповед денеска го слават Бајрам, празник со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на постот.
Рамазан – Бајрам се празнува три дена. На првиот ден се одржува утринска молитва – Бајрам Намаз, а за време на празнувањето се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.
Исламското учење вели дека во месецот на Рамазан е објавена светата книга Куран.
По повод првиот ден од овој празник, денес е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија