HomeДЕНЕШНАРепубликаДенешниот неработен ден ќе се одработува идната година

Денешниот неработен ден ќе се одработува идната година

Денешниот Ден на дрвото нема да се одработува оваа сабота, како што тоа беше случај со претходните акции, туку наредната година – одлучи Владата.

„На седницата одржана на 25.11.2016 година, Владата донесе одлука денешниот ден 30.11.2016 година да биде прогласен за неработен ден и истиот да биде посветен на акцијата Ден на дрвото. На истата седница беше заземен став работниот ден за одработување на денешната акција да биде во текот на следната година, и беше заклучено одлуката за конкретниот датум да се донесе дополнително во следниот период“, соопшти Владата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com