Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДенес прва телевизиска дебата на кандидатите за претседатели на Франција

Денес прва телевизиска дебата на кандидатите за претседатели на Франција

На еден месец од претседателските избори во Франција, кандидатите денеска ќе се соочат во телевизиска дебата. На неа ќе учествуваат само петмина, од вкупно 11, со најголема поддршка од граѓаните, според истражувањата на јавното мислење. Центристичкиот кандидат Емануел Макрон би можел да оствари блага предност во однос на лидерката на крајната десница Марин Ле Пен во првиот круг од изборите, а потоа убедливо би победил во одлучувачкиот втор круг, покажуваат најновите анкети.

Макрон, бивш министер за економија, би освоил 26,5 проценти од гласовите во првиот круг од изборите на 23 април, додека неговата противкандидатка 26 проценти, покажува анкетата на институтот Одокс, објавена во неделата. Кандидатот на конзервативците Франсоа Фијон, според овие резултати, би освоил 19 отсто од гласовите во првиот круг, што би значело дека нема да влезе во вториот круг.

Макрон во вториот круг на 7 мај би добил 64 отсто од гласовите и зад себе би ја оставил Ла Пен, која според оваа анкета би освоила 36 проценти од гласовите. Досегашните анкети покажуваа дека Ле Пен е во предност во првиот круг, но дека Макрон би победил во вториот круг од гласањето.

Извор: tvnova.mk