Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДенес повторно слабо сонце со облаци

Денес повторно слабо сонце со облаци

Денеска времето во Македонија повторно ќе биде сончево на периоди со повремена облачност, а во попладневните часови можни се и краткотрајни врнежи на дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повеќе изразен долж Повардарието. Дневните температури ќе се движат од 18 до 23 Целзиусови степени, а утринските од 9 до 15. Во Скопје ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди, а кон крајот на денот ќе биде облачно со услови за појава на краткотраен слаб дожд. Во Скопје температурата ќе достигне максимални 20 степени.