Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДенес повеќе сонце, помалку облаци

Денес повеќе сонце, помалку облаци

Метеролошките параметри укажуваат дека денес во подолг период од денот ќе имаме убаво сонце кое ќе ги подигне температурите на максимални 24 степени, додека пак утрото ќе биде исто така пријатно со температури од 12 до 19 степени, со многу слаб ветер. Во попладневните часови се очекува мала нестабилност и заоблачување, па можни се локални врнежи на дожд. Во Скопје пак, времето ќе биде слично со утрински температури од 12 до 20, а максимални до 23 степени, додека пак мало заоблачување се очекува наутро и поручек.