Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДенес потопло и сончево, од утре пак дожд

Денес потопло и сончево, од утре пак дожд

Според информациите од центрите за временска прогноза денес во Македонија ќе биде претежно сончево и топло, а на планините со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и западен правец. Утринската температура ќе се движи од четири до 16 степени, а дневната од 23 до 31 степен. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Веќе утре попладне облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот и преку ноќта ќе има нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а потоа ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.