Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДенес постудено и врнежливо

Денес постудено и врнежливо

Временските прилики денес ќе бидат влошени во однос на вчерашниот ден со прилично облачно време и со зголемени можности за врнежи проследени со грмотевици. Утринската температура ќе се движи до 12 степени, а максималната дневна ќе достигне 19 степени. Влажноста на воздухот ќе изнесува околу 80 проценти со присуство на послаб ветер од северозападен правец.