Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаДенес ново задолжување од домашните кредитори, утре раздолжување

Денес ново задолжување од домашните кредитори, утре раздолжување

Владата од домашните кредитори позајми 34 милиони евра или пет милиони евра повеќе отколу што планираше со проспектите за денешното задолжување. Најголем дел од парите ги обезбеди преку продажба на записи со рок на доспевање од 364 денови.

Заклучно со вториот квартал од годинава, јавниот долг изнесува 4,2 милијарди евра или 45,3 % од бруто домашниот производ.

Во последните шест години, тој е зголемен за 1,8 милијарди евра и според овој критериум Македонија се уште е во групата на умерено задолжение економии. Бруто надворешниот долг пак изнесува 70,9 отсто од БДП и според ова ниво земјава е во групата на високо задолжени.

Утре по основ на доспеани обврски, Владата на кредиторите ќе им врати 29 милиони евра, со што, по денешното задолжување, се создаде нов долг од пет милиони евра.