Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДенес ќе се доделат наградите Мајка Тереза за хуманост

Денес ќе се доделат наградите Мајка Тереза за хуманост

Оваа година државната награда за хуманост свечено ќе им биде доделена на Сузана Тунева Пауновска генерален секретар на Црвениот крст и на доц. д-р Буниамин Мемеди. Наградата се доделува на заслужни лица во областа на хуманизмот, работата на подобрување меѓусебното разбирање и солидарноста. Секоја година може да се доделат до две награди, а признанието се доделува на 26 август, роденденот на Мајка Тереза.