Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДенес Грција гласа за оставање на сивилото и подобра иднина

Денес Грција гласа за оставање на сивилото и подобра иднина

Вкупно 14 политички партии и пет коалиции се натпреваруваат за 300 слободни места во грчкиот Парламент на денешните предвремени парламентарни избори кои во моментов се одвиваат во Грција. За една нова ера во грчката престолнина вкупно девет милиони и 837 илјади Грци ќе го дадат својот глас.


„Народот со своето гласање треба да ја земе иднината во свои раце и да нè остави другите да одлучуваат за него. Народот е оној кој ќе стави свој белег, за да може нашата земја да премине кон една нова ера. Ова може да се случи само со мандат за силна влада со мандат од четири години“, изјави лидерот на Сириза, Алексис Ципрас.


И лидерот на Нова демокартија, Евангелос Меимаракис, како и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос се со слични ставови и се согласуваат со ставот дека резултатите од овие избори мора да ги оправдаат очекувањата на грчкиот народ кој сака да ги остави зад себе сивилото, лагите и сиромаштијата.