Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеДенес фудбал на „Градски“ – Спремете се за блокирани улици

Денес фудбал на „Градски“ – Спремете се за блокирани улици

Од МВР го сопштија планот за регулирање на сообраќајот пред и за време на денешниот натпревар на арената Филип Втори меѓу Македонија и Украина од 20:45. Заради безбедносните мерки најпрво треба да знаете дека автомобилите паркирани околу стадионот ќе мора да ги преместите или во спротивно ќе дојде пајак служба. Понатаму влезната улица во градски парк на „Аминта Трети“ од крстосницата со ул. „Хаџи Констатинов Џинот“ ќе биде целосно блокирана освен за возила со пропусница почнувајќи од 17 часот.