Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДен на жалост – Италија се збогува со жртвите од земјотресот

Ден на жалост – Италија се збогува со жртвите од земјотресот

Во Италија е Ден на жалост, знамињата низ земјата се на половина копје поради 284-те жртви на земјотресот, кој во средата го погоди централниот дел на земјата. На комеморацијата за загинатите од катастрофалниот земјотрес ќе присуствуваат и претседателот Серџо Матарела и премиерот Матео Ренци.

Земјотресот го погоди североисточниот дел на Рим, предизвикувајќи голема штета во градовите Акумоли, Аматриче и Аркуата дел Тронто. Од загинатите 21 се деца. Спасувачките екипи се уште трагаат по преживеани во урнатините.