Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДемонстрантите во еден здив – Итни мерки за загадениот воздух

Демонстрантите во еден здив – Итни мерки за загадениот воздух

Голем број на граѓани денес во 17 часот повикани од 20-на граѓански иницијативи излегоа на протест пред Владата за превземање на итни мерки кои ќе помогнат во справување со големата загаденост на воздухот која е десетина пати над дозволената граница и може сериозно да влијае на здравјето на луѓето.

protest vozduh10

За овој проблем постои и регулатива, но наместо сериозни чекори во намалување на загаденоста секој ден сме сведоци на манипулации, порачаа демонстрантите и најавија уште поголеми протести и блокади доколку нивниот ултиматум не се испочитува до 15 јануари.

Меѓу главните пораки на протестот одекнуваа поголема регулација на индустријата и спречување фабриките кои се големи загадувачи да продолжат да работат без еко стандарди, како и да се активираат итните мерки за ограничување на сообраќајот во градското подрачје, поевтинување на јавниот превоз, како и лимитирање на сечата на дрва и уништување на зелени површини.

На социјалните мрежи се води жестока дебата за изворот на загадувањето и за недоволната масовност на протестот иако имаше околу 1000 граѓани кои излегоа по сопствена волја. За останатите се коментира дека се силни само на Facebook, за други пак дека не излегле на протестот кој го сметаат за политички мотивиран, бидејќи вината за загадениот воздух лежи во самите граѓани.