Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДемонстранти во Подгорица направиле неред и ограбиле златара

Демонстранти во Подгорица направиле неред и ограбиле златара

Синоќа во центарот на Подгорица за време на  протестите кои се одржаа пред собранието на Црна Гора, во повеќе делови од градот дојде до нереди.

Демонстранти во центарот на градот уништиле неколку излози, бутици и продавници, а ограбена е и златарата Мајданпек, која се наоѓа во зградата на Хотелот ,,Никич”.

Во овие нереди повредени се 15 полицајци, од кои еден е потешко повреден, а 24 граѓани побарале лекарска помош, соопшти министерот за внатрешни работи Рашко Коњевиќ на вонредната прес конференција за медиумите.

Коњевиќ изјави дека полицијата за време на синоќашните демонстрации дејствувала во согласност со законот за зачувување на јавниот ред и мир.