Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеДемолирано училиштето „25 Мај“ во Сингелиќ, од каде што се дели хуманитарна помош

Демолирано училиштето „25 Мај“ во Сингелиќ, од каде што се дели хуманитарна помош

Непознати сторители упаднале во училиштето „25 Мај“ во Сингелиќ и демолирале неколку училници. Тоа училиште е центар од кој се дели хуманитарна помош за поплавените жители и се координираат теренските активности за поефикасно санирање на штетите од поплавите.

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски на својот профил на Фејсбук објави фотографии од демолираното училиште и повика несовесните граѓани да се воздржат од вакво недолично однесување.
25 maj uciliste
„Во време кога се прават напори за стабилизирање на состојбата на терен по поплавите кои направија голема штета на голем број домаќинства, во старото училиште “25 Мај” имаше упад од страна на несовесни лица кои оштетија голем дел од училишниот инвентар. Се упатува апел да не се прават дополнителни штети во ситуација кога треба да се помогне на најзагрозените жители од Гази Баба“, апелира градоначалникот на Гази Баба.