HomeДЕНЕШНАСкопјеДемолиран Ургентниот центар во ГОБ „8 Септември“, 30 лица кршеле поради смрт на роднина

Демолиран Ургентниот центар во ГОБ „8 Септември“, 30 лица кршеле поради смрт на роднина

Поради смрт на близок роднина, 30 скопјани вечерва ја искршиле влезна врата и внатрешни простории во Ургентниот центар во ГОБ „8 Септември“. МВР потврди дека е пријавен ваков случај, односно дека околу 19 часот во болницата е донесено непознато лице кое лекарите се обиделе да го реаинимираат, но по неуспешните обиди лицето починало. Кога почнало дивеењето, интервенирало и обезбедувањето, а за среќа никој не бил повреден. Револтираните роднини, го земале со себе телото на починатиот и си заминале.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com