HomeДЕНЕШНАПолитикаДемократскиот сојуз ги откри сите притисоци од ВМРО-ДПМНЕ врз свои членови

Демократскиот сојуз ги откри сите притисоци од ВМРО-ДПМНЕ врз свои членови

demokratski-sojuz

Демократскиот сојуз тврди дека во изминатиот период нивни членови биле под голем притисок од страна на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Целта на таквите влијанија е да се намали бројот на членството и активноста на Демократски сојуз како декларирана опозициска партија, во пресрет на претстојните вонредни парламентарни избори закажани за 11 декември 2016 г. Методите на притисоци главно се сведуваат на коруптивни понуди за вработување или напредување во кариерата, или пак, преку класични уцени и закани, соопштува ДС.

За таквите активности ДС наведува неколку случаи:

– Под притисок на функционери на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Советникот на ДС во Советот на Општина Прилеп, со ветување дека неговата ќерка ќе биде вработена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, на 04.11.2016 г. одржал прес – конференција на која соопштил дека ќе премине во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Пратеникот во Собранието на Р. Македонија, од Кичево и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево, на претседателот на ДС -Кичево, нуделе вработување и унапредување на наши членови под услов јавно и декларативно да се дистанцираат од политиките на ДС и истите да преминат во ВМРО-ДПМНЕ.

– Претседателот и секретарот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струга на претседателот на ДС Струга, му нуделе вработување, доколку јавно ги осуди политиките на ДС и премине во ВМРО-ДПМНЕ.

– На 03.11.2016 г. на кандидатот за пратеник на ДС од Радовиш, градоначалникот на Општина Конче од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, му понудил вработување на неопределено работно време, под услов да се пасивизира и да ја повлече кандидатурата за пратеник на ДС.

– Во периодот од неколку месеци наназад, на претседателот на ОО на ДС Аеродром и советник во Советот на Општина Аеродром од редовите на ДС, во неколку наврати му биле нудени одредени бенефиции од страна на координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Претседателката на ОО на ДС Кисела Вода, од страна на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода, била убедувана да премине во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Претседателот на ОО на ДС на Штип, како и неговото семејство, се под постојан притисок на локалната администрација и членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, а неговата приватна фирма е под постојани инспекциски контроли. Тој беше вработен во ЈП „Ирис“, но договорот за работа не му го продолжија бидејќи не прифатил да одржи прес конференција и премине во редовите на ВМРО – ДПМНЕ.

– Во јануари оваа година, на претседателот на ОО на ДС од Неготино, градоначалникот на Неготино од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, од неговиот мобилен телефон му покажал смс-порака испратена лично од актуелниот премиер, во која било наведено упатство како да се заслабнат редовите на ДС. При тоа, му било сугерирано да премине во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а неколку месеци подоцна (поради учество на протестите) бил деградиран за два степени од работното место во Општина Неготино.

Демократскиот сојуз соопшти дека сите притисоци врз нивни членови кои се дел од локалната или централната власт ќе бидат пренесени на надлежните домашни институции со цел да се преземат мерки за спречување на предизборните притисоци и закани, а ќе бидаат информирани ОБСЕ, ОДИХР како и дипломатските претставништва.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com