Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДемократскиот сојуз бара одложување на локалните избори за следната година

Демократскиот сојуз бара одложување на локалните избори за следната година

Демократскиот сојуз оценува дека нема услови за одржување на локалните избори во октомври.

-Изборот на Владата беше блокиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ преку бесцелните дискусии (реплики, контра реплики,процедурални прашања и сл.) во Парламентот и спречување на неговото конституирање, како и на давањето мандат за состав на Влада на партиите кои имаа мнозинство во Парламентот. Поради потребата од сериозни реформи во изборната регулатива, како и отстранување на слабостите во изборните процеси неопходно е одржувањето на локалните избори да се одложи најмногу за 12 месеци, се вели во соопштението.

Демократскиот сојуз не ја оспорува потребата локалната самоуправа да функционира, но во вакви околности градоначалниците треба да имаат ограничени овластувања и одговорност пред Владата, бидејќи мандатот ќе го добијат од парламентарното мнозинство, а не од граѓаните.

Оваа партија смета дека локалните избори треба да се одржат штом за тоа ќе се создадат услови, но не подолго од година дена.