Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДемобилизирани борци се обидоа да се замозапалат пред Владата во Сараево

Демобилизирани борци се обидоа да се замозапалат пред Владата во Сараево

Двајца демобилизирани борци од Какањ, кои веќе 26 денови демонстрираат пред владата на Федерацијата на БиХ во Сараево се обидоа денеска да се самозапалат, објави МИА. На терен излегоа пожарникари, Брза помош и полиција кои штрајкувачите незадоволни што немаат вработување ги спречија во намерата да го направат тој трагичен чин, јавуваат сараевски медиуми.

– Ние сме пред Владата барајќи каква било работа. Вака веќе не може, велат Ќазим Бајриќ и Намир Пипо кои самозапалувањето сакаа да го извршат откако се полеаја со бензин. По инцидентот беа примени од министерот за боречки прашања Салко Букваревиќ кој им ветил помош – дека од 1 септември ќе може да работат во рудникот Какањ.