Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДемири е новиот македонски милионер

Демири е новиот македонски милионер

Деветтиот милионер кој својот милион го заработи играјќи Милионер Џек Пот на Државна видео лотарија на Македонија е скопјанецот Демири.

Тој на 19.08.2016 забавувајќи се на видео лотариските терминали на ДВЛМ во обложувалницата Спорт Лаиф Треид Маџари 1, освои добивка вредна 1.376.494 денари. Таткото на три прекрасни дечиња често се забавува на овој начин. Досега добивал помали добивки. Ова е прва поголема добивка, а на нејзината вредност се радуваше целото семејство.

Тимот на ДВЛМ заедно со летечкиот Македонец Игор Стефановски Иџе во обложувалницата Спорт Лајф го доделија вредносниот ваучер.

Спорт Лаиф се првиот деловен соработник на ДВЛМ. Во нивните обложувалници беа инсталирани првите ВЛТ апарати.

Во август, ова е веќе трет среќен добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, а вкупно деветти од стартувањето на Џек Пот добивките.