Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеДемант од град Скопје за исечените дрвја

Демант од град Скопје за исечените дрвја

Од Град Скопје остро реагираат на обвинувањата упатени на нивна адреса, откако ноќеска после полноќ беа сечени дрвја во Универзитетскиот кампус.

„Градот Скопје сака да нагласи дека ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје не ги исече дрвјата во Универзитетскиот кампус, во претходното деноноќие“, велат во соопштението до медумите.

Во врска со неоснованите обвинувања за активностите за сечење дрвја, појаснуваат дека Градот Скопје е должен, во согласност со Законот, да издаде решение за сечење дрвја кога инвеститор ќе приложи градежна дозвола за спроведување на Детален урбанистички план.