Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДемант на министерството за култура: МОБ и Универзитетската библиотека нема да бидат барокни

Демант на министерството за култура: МОБ и Универзитетската библиотека нема да бидат барокни

Министерството за култура ги демантира информациите кои се однесуваат за наводна барокна промена на постоечките фасади на националните установи Македонска опера и балет и Националната и Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

„Напоменуваме и ја информираме македонската јавност дека станува збор за национални установи чии објекти се изградени според конкретни идејни решенија во втората половина на минатиот век и нивниот изглед е автентичен со тоа нема да има никаква промена на фасадите на овие објекти“, пишува во соопштението испратено од Министерството за култура.