HomeДЕНЕШНАРепублика„DeleteME“ е новата веб-страницата за заштита на приватноста на социјалните мрежи

„DeleteME“ е новата веб-страницата за заштита на приватноста на социјалните мрежи

Со создавањето на оваа нова алатка, веб страницата „deleteME.mk“, граѓаните ќе можат на ефикасен начин да се справат со нарушување на приватноста при користење на фејсбук, инстаграм, твитер и други социјални мрежи. Оваа алатка се применува во Норвешка и функионира совршено. Македонија е домаќинот на првиот годишен форум за заштиа на личните податоци за земјите од Западен Балкан,кој се одржа на Технолошко-металуршкиот факултет.

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска вели дека испораката на јавните услуги кои ја вршат јавните институции кон граѓаните трба да биде многу безбедна. Таа смета дека мерките и стандардите за иформациска безбедност кои се оставени мора да бидат исклучително високи.

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Горан Трајковски додаде дека станува збор за исклучително битен настан за регионални рамки но и пошироко. Трајковски изјави и дека верува во тоа предзнакот Прв годишен регионален форум нем да остане само како прв и последен, туку дека ќе прерасне во традиција како за земјите од Западен Балкан така и пошироко.

Деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ, Господинот Иван Чорбев изјави дека на студентите на овој факултет им е исклучително важно да се обучени за овие проблеми кои се доста чести на денешницата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com