Tuesday, Jan 21, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаДелегат на ВМРО-ДПМНЕ бара судско одложување на вонредниот конгрес

Делегат на ВМРО-ДПМНЕ бара судско одложување на вонредниот конгрес

osnoven sud skopje 1

Директорот на Агенцијата за пошти, Влатко Атанасоски, како делегат на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен член на партијата, до Основниот суд 1 доставил предлог за привремена забрана за одржување на вонредниот конгрес во Валандово.

– Сакам својата слободна политичка волја да ја изразам на конгресот. Ако судот не ги вреднува моите докази и не го забрани таквото одржување, ќе морам поинаку да се обратам на тој конгрес. Ако присуствувам меѓу 544-те делегати, од кои некои директно упатија закани, не можам таму да бидам слободен и да не се грижам за својата безбедност – нагласи Атанасоски.

Како што рече денеска, одговорајќи на новинарски прашања по јавната седница на Агенцијата, причина за ваквиот чекор е неговото право на конгресот да ја искаже својата слободна политичка волја, што во моментот не е можно зашто има директни закани од некои делегати, а за тоа е известено и МВР.

Ако конгресот не се одложи, веројатно, тој ќе оди и ќе присуствува на него.