Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеДел од центарот на Скопје остана во мрак

Дел од центарот на Скопје остана во мрак

Неколку згради во центарот на Скопје синоќа останаа без електрична енергија.

Од ЕВН изјавиле дека причина за тоа е дефект од куса врска кој попладнето околу 17 часот и 30 минути настанал во трафостаницата „Пелагонија“ во центарот на градот.

Од ЕВН додаваат дека станува збор за поопсежен дефект, но дека нивни екипи уште од попладнево се излезени на терен и работат на отстранување на проблемот.