Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДел од обвинителите ја обжалија одлуката за иземање на бомбите

Дел од обвинителите ја обжалија одлуката за иземање на бомбите

Јавните обвинители кои ги водат предметите по основаните сомненија од прислушкуваните разговори како дел од бомбите на опозицијата поднеле жалби до Основниот кривичен суд Скопје за вчерашната одлука за иземање на списите како неважечки.

osnoven sud1

Судот одлучи дека прислушкуваните разговори се стекнати на нелегален начин и не може да се користат како докази бидејќи го нарушиле правото на приватност и тајност на коренспондицијата, но јавните обвинители поднеле шест жалби. Рокот за поднесување жалба по ова решение трае до полноќ, па адвокатите на опозицијата се надеваат дека бројот на жалби ќе се зголеми.