Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНајпрестижниот звучен систем вечерва на настапот на Дејвид Гета

Најпрестижниот звучен систем вечерва на настапот на Дејвид Гета

Со настапот на мегапопуларниот диџеј Дејвид Гета вечерва започнува фестивалот Skopje Calling во организација на Авалон продукција,  фестивал кој со сигурност ќе ја вброи Македонија на мапата на светските музички настани.

-„Ова е прв пат во Еврпа концерт на едно вакво високо ниво со уметник како Дејвид Гета што е навистина добро искуство за нас. Станува збор за звучниот систем EAW ANYA  кој овозможува на сите делови од просторот да се дистрибуира еднаква силина на звукот и секој посетител има подеднакво уживање без оглед на позицијата“, вели Џејмс Бамлет.

Од Авалон продукција пак велат дека заинтересираност за концертот има буквално од сите соседни држави.

Извор: Телма