Избор од најубавите градски паркови во светот, колку од нив сте посетиле?
Покрај тоа што важат за „бели дробови“ на големите градови, парковите се едно од најубавите места каде луѓето може да уживаат. Низ светот постојат илјадници преубави паркови, дадени од природата или создавани, но во секој случај замислени да бидат местата каде жителите и посетителите ќе го пронајдат својот мир, своето место за спортување, своето катче за релаксирање.
Погледнете кои градови во светот можат да се пофалат со најубави паркови.
Сан Диего: Паркот има интересна архитектура, многу фонтани и убави патеки.
Мелбурн: Зафаќа околу 100 хектари, во него има неколку езера и 50 000 растенија, меѓу кои рози, кактуси и егзотични растенија.
Њујорк: Долгите патеки и неколкуте езера го прават Централ парк еден од најголемите атракции во Њујорк.
Рим: Villa Doria Pamphili е исполнет со убави цвеќиња, статуи и фонтани.
Токио: Расцветаните јапонски дрвја се тие кои го красат паркот и ги воодушевуваат посетителите.
Ванкувер: Паркот е со површина од 1000 хектари а посебно место во него има езерото Бијвер.
Сао Паоло: Паркот има мостови над водата, како и патеки специјално за велосипедисти.
Сент Луис: Во Форест Парк има музеј, игралиште за ролери и зоолошка градина.