Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДејвид Камерон призна дека профитирал од оф-шор фонд

Дејвид Камерон призна дека профитирал од оф-шор фонд

Британскиот премиер Дејвид Камерон може да биде втората голема политичка „жртва“ од протекувањето на „Панама Документите“ откако призна дека има удел во инвестициски оф-шор фонд на неговиот починат татко лоциран во Панама.

Камерон тврди дека не го користел фондот за избегнување на данок во Велика Британија и дека за сите дивиденди од акциите плаќал данок на приход и дека ги почитувал сите закони, но е доведен во тешка положба бидејќи како политичар често ги критикуваше самите бизнисмени кои ја спроведуваат истата пракса на оф-шор компании при што не плаќаат даноци во матичната земја.
Лабуристите од опозицијата се позасилено ќе бараат негова оставка, а дали народот ќе излезе на протести како во Исланд ќе покаже колку скандалот е сериозен.