Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиДејвид Гета воодушеви 83.000 луѓе под Ајфеловата кула

Дејвид Гета воодушеви 83.000 луѓе под Ајфеловата кула

Како официјален вовед во Европското првенство во фудбал, познатиот светски музички продуцент и ди-џеј Дејвид Гета одржа спектакуларен концерт под Ајфеловата кула во Париз, на кој присуствуваа 83.000 лица. Гета синоќе понуди фантастично загревање пред отварањето на Европското првенство 2016, а покрај своите бројни хитови, заедно со шведската пејачка Зара Ларс ја изведе и актуелната химна на ова натпреварување – „This One’s For You“, песна која ја сними со помош на милион обожаватели ширум светот.


Популарниот Французин нема да одмара ниту вечерва, бидејќи токму тој со свој настап ќе го отвори Европското првенство во фудбал кое започнува во 21 часот на стадионот „Франција“ со натпревар помеѓу Франција и Романија.

Дејвид Гета-Ајфелова кука

Синоќешниот настап во живо љубителите на францускиот музичар можеа да го следат и по пат на „Youtube“ каналот на УЕФА, но и на Дејвид Гета, чиј канал денес има повеќе од 10 милиони претплатници. Химната на Европското првенство „„This One’s For You““ ќе се пушта на почетокот и на крајот од секој натпревар, а делот од песната во чие снимање учествувале навивачите ќе биде емитуван при секој постигнат погодок.

Дејвид Гета-Ајфелова кула 2

Дејвид Гета кој синоќа направи вистински спектакл во Париз, е еден од најпознатите и најуспешните француски музичари ширум светот, па токму поради тоа и не е чудно што токму тој беше избран за втор на официјалната химна на првенството кое се одржува во таа земја.

Дејвид Гета-Ајфелова Кула 3