Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиДејвид Гета планира вселенска журка!

Дејвид Гета планира вселенска журка!

Еден од најпознатите ди-џеи на денешницата Дејвид Гета изјави дека разговарал со „Вирџин Галактик“ околу можноста за организирање на журка на вселената! Францускиот музичар има соработувано со бројни светски ѕвезди, а беше и одговорен за химната на изминатото Европско првенство во фудбал, но се уште ги нема исполнето своите амбиции.

„Разговарав со луѓето од „Вирџин Галактик“ околу можностите за организирање на журка во вселената“, вели Гета. „Тоа беше прилично интересно“, истакна популарниот ди-џеј. Компанијата „Вирџин Галактик“ планира до крајот на годината да започне со туристички летови во орбитата на земјата.