Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаДејвид Гета направил плагијат?

Дејвид Гета направил плагијат?

Светски популарниот ди-џеј Дејвид Гета овие денови беше на мета на повеќе обвиненија дека неговата песна „This One’s For You“ е плагијат, односно копија на минатогодишниот планетарен хит „Lean on“. Гета неодамна ја објави песната „This One’s For You“ која ќе биде главна музичка тема на овогодинешното Европско првенство во фудбал. Во овој хит Дејвид Гета соработува со Зара Ларс, се поуспешната млада шедска ѕвезда.

Оваа песна не му се допадна на Дипло, кој тврди дека ова е само лоша копија на нумерата „Lean on“. Дипло и неговиот колега „DJ Snake“ го нападнаа Гета на „Твитер“, иако набргу ги избришаа тие твитови, оставајќи само три.