Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДејан Лилиќ ќе стане директор на културен центар во Истанбул

Дејан Лилиќ ќе стане директор на културен центар во Истанбул

Министерката за култура Елизабета Канческа -Милевска неделава беше во работна посета во Турција, каде што учествуваше на втората конференција на Советот на Министри за култура од Југоисточна Европа. Советот се одржуваше на тема „Зајакнување на културата за одржлив развој“. Меѓу другото на Советот е усвоена задничка декларација за „Заштита и одржливо управување на културното наследство“. На истата средба беше поддржан и пректот на Регионалното биро на УНЕСКО во Венеција за регионална борба против илегалната трговија со културното наследство.

dejan_Lilic1

Минстерката оствари средба и со турскиот министер за култура и туризам  Махир Унал, а го посети и Македонскиот културен центар во Турција, за чиј прв директор е именуван актерот Дејан Лилиќ.Актерот изјави дека одлуката е донесена пред Нова година, додека во тек е дипломската процедура за акредитација.Тој се уште ги игра своите улоги во МНТ и „Драмски“.