Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДехари повторно е кандидат на ДУИ за градоначалник на Кичево

Дехари повторно е кандидат на ДУИ за градоначалник на Кичево

Кичевскиот огранок на ДУИ, на синоќешниот состанок на кој присуствувал партискиот лидер Али Ахмети, со поддршка на сите 35 локални совети и другите локални партиски форуми, се разговараше за локалните избори на 15 октомври.

„По конструктивните и продуктивни дискусии, во победнички и обединувачки дух, едногласно се одлучи дека сите партиски и општествени структури во Општина Кичево заеднички ќе ја поддржат кандидатурата на актуелниот градоначалник, Фатмир Дехари. Во исто време, се одлучи носител на листата за општинскиот совет да биде Аќиф Медиу, шеф на изборниот општински штаб, Адем Карага, додека портпарол на кампањата, Фатмир Лимани“, се наведува во соопштението.

ДУИ апелира до сите субјекти и други заедници во Кичево, заедно со кичевската дијаспора, да ја поддржат кандидатурата на Дехари.