HomeАНТИСТРЕСШтосноДедото на Трамп го молел принцот Леополд да не го депортира

Дедото на Трамп го молел принцот Леополд да не го депортира

elizabeta-i-fridrih-tramp

Во архивата Рајна-Платинат во Германија е најдено писмо од дедото на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп во кое го замолува баварскиот принц Леополд да не го депортира, бидејќи го избегнал служењето на воениот рок. Како што се пренесува, листот „Билд“ го одштампал писмото од 1905 година кое го пронашол еден историчар, во кое Фридрих Трамп го молел „саканиот и мудар“ принц принц да не го депортира, што Леополд го одбил.

Дедото на Трамп е роден во Калштат, кој тогаш бил дел од Баварија, а имигрирал во САД како тинејџер без да го одлужи воениот рок. Агенцијата „АП“ наведе дека откако се стекнал со богатство во Америка, Фридрих Трамп се обидел да се пресели во Германија, но дека бил протеран за потоа да се врати во САД. Таму е пронајден и изводот од матичната книга на родените на дедото на Трамп, изјавила портпаролката на таа архива, Изабел Вајсборд.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com