HomeДЕНЕШНАПолитикаДебата: Со помала слобода од социјализмот новинарите истражувачи не можат да дојдат до вистината

Дебата: Со помала слобода од социјализмот новинарите истражувачи не можат да дојдат до вистината

Новинари и уредници денеска дебатираа на тема „Истражувачкото новинарство-за да се дознае вистината”. Фокусот беше ставен на истражувачкото новинарство во редакциите, како да се напише истражувачка сторија разбирлива за граѓаните, во потрага на парите-како до длабинска истражувачка сторија и за тоа како да се алармира јавноста, но на дебатата се отворија и повеќе прашања кои ја акцентираат слободата на медиумите.

debata-novinarstvo-2

На дебатата обраќање имаа новинар и коосновач на Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Жаклина Хаџи- Зафирова, доајенот на македонското новинарство Зоран Иванов, новинарот Горан Лефков од СКУП , Мери Јордановска од БИРН и Влатко Стојановски од Фокус.

Новинарот Горан Лефков за 9 месеци, испратил 400 барања за слободен пристап до информации со цел да ја заврши истражувачката сторија „По трагата на парите“, истражувајќи на тема превработеност по општините.

„Уредувачките политики на веќе профилираните медиуми како провладини не помислуваат да отворат простор за новинарски трудови кои би ги разобличиле незаконските дејства на своите политички или економски ментори. И второ поради дневните програмски определби, редкации немат можност да одвојат финансиски и наменски кадри да истражуваат на подолг рок. Нема сопственици на медиуми и уредници со такви капацитети“, рече Зоран Иванов.

Новинарката Мери Јордановска се осврна на својата истражувачка сторија за Скопје 2014, потенцирајќи на заспаноста на граѓаните во однос на огромните суми кои владата ги троши од државниот буџет.

„За граѓаните, 650 милиони евра се само цифра, додека ако ги споредиме ситните набавки од проектот со она што граѓаните го користат во својот дом, ќе им доближиме да сфатат за колкави суми станува збор. На пример, столицата во музејот на ВМРО чини 650 илјади евра. Дома ретко кој може да си приушти столица од 650 илјади евра, комодата чини 1705 евра, аспираторот во кујната на музејот чини 500 евра, а според пропишаната постапка, условот е најниската понудена цена“ – објасни Јордановска.

По нивните излагања, во ЕУ инфо центарот се отвори дебатата, а присутните разменија ставови како да се стигне до релевантен доказ ако пристапот до документи е оневозможен. На новинарско прашање, Зоран Иванов направи споредба помеѓу слободата на новинарството во 80-тите и 90-тите и неговиот заклучок беше дека тогаш новинарската слобода била поголема отколку ова што денеска се случува во нашата земја.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com