HomeДЕНЕШНАПолитикаДебата: Груевски vs Заев

Дебата: Груевски vs Заев

gruevski-zaev-565x319

Груевски не учествувал во предизборна дебата повеќе од десет години. Дали вчерашното појавување на министерот за надворешни работи, Никола Попоски на дебата со изборниот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски е можно да гледаме и предизборна дебата меѓу Заев и Груевски?

Во секоја нормална демократска земја е невозможно да се случат избори, без лидерска предизборна дебата оценуваат аналитичарите и комуниколозите.

Заев на предизборните митинзи го повика Груевски на дуел за соочување на фактите. Веднаш потоа доби одговор од директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски дека Заев повикува на многу работи, но тоа не значи дека се треба да му се исполни, што важи и за тв –дуелите.

Во ниедна нормална демократска држава не се случило да нема дебата меѓу лидерите во предизборието, вели за НОВА професорката Емилија Симовска од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Ова според неа е можно само во тоталитарни режими.

„Ако нема дебати тоа не се вистински избори. Тоа е дел од изборниот процес, каде јавноста ќе ги запознае сличните или различните аргументи. На соочувањето луѓето ќе имаат можност да се одлучат и да ги споредат фактите. Во моментот, се избегнува таа споредба и му се одзема правото на гласачот да може да ги измери добрите и лошите ставови или особини на кандидатите“ – вели Симовска.

Според Жанета Трајковска од Институт за комуникациски студии ова покажува дека Македонија ќе мора повторно да учи што е дебата.

„Груевски досега не се појавуваше, веројатно затоа што неговите ПР стратези одлучиле дека не е добро да излезе на дебата. Претпоставувам дека направиле некаква проценка дека тоа нема да влијае добро за него и за неговиот рејтинг, во правдањето на политиките кои ги презел. Во било кое општество ова би било лошо за лидерот и би значело или дека се плаши и нема доволно аргументи да се соочи со својот опонент или дека неговата политика е погрешна“ – заклучува Трајковска.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com