HomeРЕФЛЕКТОРФилмДе Ниро добил понуда да се пресели во Италија

Де Ниро добил понуда да се пресели во Италија

de-niro

Градоначалникот на италијанскиот град Ферацана му понудил на актерот Роберт Де Ниро да дојде да живее во тој град, доколку бил сериозен во приликата кога актерот истакнал дека ќе мора да се пресели од САД доколку Доналд Трамп биде избран за нов претседател. Неговите прабаба и прадедо емигрирале од овој италијански град уште во 1890 година.

„Да примиме некој како што е Де Ниро би била одлична промоција за нашиот град на меѓународна сцена. Фарацано е вистинско место за да се заборави поразот на Хилари Клинтон и избегнување на судир лице во лице со Трамп“, изјави Градоначалникот Антонио Черио. Черио исто така истакна дека ќе му биде огромна чест да го прими актерот во својот град.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com