Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалДе Јонг во Милан до 2018 година

Де Јонг во Милан до 2018 година

Најџел Де Јонг ја продолжи верноста кон Милан за уште три години. Тој денеска потпиша продолжување на договорот кој го обврзува да биде член на црвено црните до 2018 година. Доколку не го продолжеше договорот ова лето Де Јонг ќе станеше слободен играч и ќе можеше да си замине без оштета, но веројатно по разговорот со ново именуваниот тренер Синиша Михајловиќ, искусниот холанѓанец реши да остане уште три сезони.

де јонг

Милан деновиве доживеа дебакл на трансфер пазарот, па така се чини и ова продолжување на договорот и тоа како е добредојдено за тимот од Сан Сиро. За потписот на Де Јонг до последен момент сериозна заинтересираност покажуваше Манчестер Јунајтед и уште неколку европски фудбалски гиганти,

Инаку, се очекува Милан да го комплетира трансферот на Андреа Бертолачи,  играч за врска на Рома,, кој минатата сезона ја мина како позајмен во екипата на Џенова.