Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДавидовиќ и Јанковиќ: Работата е многу посериозна отколку мајтапите со гаќите на Ивона

Давидовиќ и Јанковиќ: Работата е многу посериозна отколку мајтапите со гаќите на Ивона

Не само осомничените во вчера обелодените предмети на „Т“ на СЈО, туку и челниците на УЈП, финансиската полиција и на ОЈО треба да одговараат за сторените криминални дела, порача преку социјалната мрежа „Фејсбук“ адвокатската канцеларија „Давидовиќ и Јанковиќ“

„Читам за гаќите на Ивона и мајтапите ама ич не ми е смешно затоа што е работата повеќе од сериозна и за плачење е. Во право е Звездан Георгиевски кога вика дека истите тие на времето викаа и лепеа по билборди “Јас не сум А1 , јас плаќам данок”. Какво лицемерие, каков безобразлук. Без око да им трепне го пратија Велија Рамковски во затвор за истото и ја растурија А1“, велат адвокатите.

Тие наведуват дека УЈП и финансовата полиција за ситни неправилности во работењето изрекувале огромни казни за мали претпријатија, но дека истите правила не важат за оние со партиска книшка од ВМРО-ДПМНЕ.

„Стотици фирми УЈП и финансиска полиција уништија со казни и контроли. Им изрекуваа глоба од 8.000 евра на газдите на трафиките за најдени 500 денари ситни пари кои требаа да служат за кусур. Ама гаќите и шминките, перењето на пари и даночните затајувања не ги гледаа кај овие со книшка а без памет, не го гледаа кај режимските мегафони и куртони. Не само осомничените во овие Т предмети од вчера туку и првите луѓе на УЈП, финансова полиција и ОЈО треба да одговараат за злоупотреба на службената положба и овластувања. Ми се гади и од нив ама и од нас што го дозволивме сево ова. Ако ѓубрето не се исчисти коренито и понатаму ќе смрди нешто во државава наша…..“, стои во објавата на адвокатскта канцеларија.