HomeФЕР ПЛЕЈРакометДавид Дејвис е нов тренер на ЖРК Вардар

Давид Дејвис е нов тренер на ЖРК Вардар

13087918_1736425406627709_2768905213190140646_n

Досегашниот помошник на Раул Гонзалез во машкиот тим на Вардар, Давид Дејвис е назначен за прв тренер на ЖРК Вардар, тој ќе биде наследникот на Индира Кастратовиќ.Раководството на Вардар ја заврши потрагата по нов тренер и одлучи довербата да му ја даде на Давид Дејвис.

Дејвис кој му беше помошник на Раул Гонзалес добро ги познава ракометарките на Индира Кастратовиќ со која заедно го водеа тимот во голем дел од минатата сезона.

„И официјално Давид Дејвис е нов тренер на ЖРК Вардар. Сметаме дека тој е најдоброто решение кое можевме да го донесеме. Задоволни сме од тоа како работеше во изминатата сезона со женската екипа и сметаме дека тој е вистинскиот избор. Потпишавме договор до крајот на сезоната со можност за продолжување“ – потврди сопственикот Сергеј Самсоненко.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com