HomeФЕР ПЛЕЈФудбалДармијан на излезните врати од „Олд Трафорд?

Дармијан на излезните врати од „Олд Трафорд?

Менаџерот на италијанскиот репрезентативец истакнува дека Дармијан многу лесно би можел да го напушти Манчестер Јунајтед ова зимо. Матео Дармијан е во немилост на Жозе Мурињо, не е во неговите први планови, што повлече зад себе медиумски шпекулации дека наскоро би можел да ја напушти средината.

Интер е клубот кој покажа голем интерес за поранешниот член на Торино. Интер му понуди на Јунајтед позајмица за Дармијан во јануари со можност за откуп на крајот од сезоната. Меѓутоа, неговиот агент Фаусто Пари зборуваше околу можноста Дармијан да го напушти Јунајтед, но не го споменуваше конкретно Интер, туку само „неколку италијански клубови“ како заинтересирани за неговите услуги.

„Тој не игра или игра многу малку и како италијански репрезентативец не му се допаѓа тој статус. Ако состојбата не се подобри во блиска иднина, ќе ги спакуваме куферите. Со седењето на клупа Матео ризикувада го изгуби местото во репрезентацијата. Ќе видиме што сака Јунајтед, јас веќе бев контактиран од страна на неколку италијански клубови, Сепак, се уште е октомври и треба да видиме како ќе се одвива ситуацијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com