HomeДЕНЕШНАЕкономијаДарлин Дан од Singularity универзитетот со топ предавање во Сивус Инкубатор

Дарлин Дан од Singularity универзитетот со топ предавање во Сивус Инкубатор

Овој четврток Сеавус Инкубаторот со големо задоволство ве кани на предавање на Дарлин Дан. Предавањето  е со почеток во 13, 30 часот во просторите на Инкубаторот. Госпоѓата Дан е Директор на факултетот Singularity University за Најголемите Глобални Предизвици и Основач на DIYROCKETS, Inc (Mountain View, California).

Дарлин е посветена да им помогне на компаниите и универзитетите да разберат како со примена на експоненцијалните технологии можат да ги решат најголемите предизвици на светот а воедно и да бидат што поконкурентни, како и кои вештини им се потребни во свет на забрзани промени, роботика, вештачка интелигенција и виртуелна реалност.

Предавањето на Дарлин Дан во Сивус Инкубаторот се оддржува во соработка со програмата за претприемништво SECO Entrepreneurship Program, поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com