Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаДарко Багески ќе одржи концерт во Софија

Дарко Багески ќе одржи концерт во Софија

Гитаристот Дарко Багески ќе настапи во КИЦ на Македонија во Софија. Станува збор за еминентен музичар, солист и професор на ФМУ-Скопје. Публиката во Бугарија веќе добро ја познава неговата музичка дејност ако се земе во предвид дека Багевски годинава учествуваше на  на 19. Интернационален Фестивал и нетпревар за класична гитара „Академик Марин Големинов” во Ќустендил,а имал  и  заеднички солистички настап со бугарската гитаристка Стела Динкова и камерниот оркестар на операта од Благоевград, изведувајќи го популарното дело на Вивалди „Четири годишни времиња“. Со ова дело, Дарко Багески се претстави и во Благоевград.

Италија Тајван,Црна Гора и Бугарија се наоѓаат на листата земји кои уживале во музичката уметност на Дарко Багески